Возач во косовскиот Конзулат во Њујорк и близок соработник на неколкумина од Демократската партија на Косово, Алберт Велиу (34) бил уапсен синоќа со уште седум други лица при обид да продаде оружје на мексикански мафијаши, јавија њујоршки медиуми.

Велиу бил уапсен откако ФБИ му ги прислушкувало телефонските разговори.

Имено, тој со мексикански мафијаши договорал продажба на 15 автоматски пушки и рачен фрлач. Велиу бил уапсен откако се обидел да продаде оружје на специјално поставен агент на ФБИ кој бил на тајна задача.

При договарањето на зделката, автоматските пушки АК47 ги нарекувал – патики, а рачниот фрлач – патика во величина на познатиот кошаркар Шекил О’Нил, јавуваат њујоршки медиуми.



Автор: Администратор
Објавено на: 30/06/2017 12:04