Во Дубровник денеска се одржува Самит на земјите членки на Процесот за соработка во Југоисточна Европа, чиј домаќин е хрватската преседателка Колинда Грабар Китаровиќ, а на кој ќе учествува и шефот на македонската држава Ѓорѓе Иванов.

Со Самитот во Дубровник и официјално завршува претседавањето на Хратска со Процесот за соработка во Југоисточна Европа.

Како продолжение на Самитот, за утре е предвидено одржување на традиционалниот Дубровнички форум, по чииј повод вечер ќе биде организирана свечена вечера за учесниците на лидерскиот собир.

Според најавите, покрај Грабар Китаровиќ и Иванов,, на Самитот во Дубровник ќе учествуваат и претседателите на Косово, Хашим Тачи, на Словенија, Борут Пахор, на Србија, Александар Вучиќ и на Црна Гора, Филип Вујановиќ, како и бугарскиот премиер Бојко Борисов и турскиот вицепремиер Турѓул Туркеш.

Паралелно со Самитит, во Дубровник ќе се одржи и состанок на министрите за надворешни работи на земјите членки на Процесот за соработка во Југоисточна Европа, на кој ќе присуствува и шефот на макеоднската дипломатија Никола Димитров.

Предвидено е на состанок да се разговара за актуелните случувања во регионот и за регионалната соработка од аспект на зачувувањето на стабилноста во Југоисточна Европа.



Автор: Администратор
Објавено на: 30/06/2017 12:23