Со уличен концерт на метал-бендовите „Spectrum“ и „Gargoyles“ кај Саат-кулата во Битола, кој ќе почне во 22 часот, вечер ќе заврши фестивалот „Битола отворен град“ кој го организира битолскиот Младински културен центар.
Во изминатите четири дена фестивалот понуди голем број културни содржини – концерти, работилници, перформанси и една јавна дебата посветена на актуелните состојби во културата.
– И оваа година фестивалот во Битола собра повеќеилјадна публика од Македонија и од соседните држави, која традиционално доаѓа за да ги проследи настаните на „Битола отворен град”, информира МКЦ-Битола.