Веслајќи со гумени чамци по течението на реката Вардар, неколку десетици гости од земјава и странство денеска кај Уланци, општина Градско, ја стартуваа дводневната Тиквешка винска регата, која се реализира по петти пат.

Организатор е кавадаречкото здружение „Винотек“, чија цел е, како што појасни претседателот Јован Еленов, промоција на винскиот туризам и производите од грозје, убавините на Тиквешијата и нејзините можности за развој на повеќе видови на туризам.

Претходно, сите учесници во регатата ги посетија винарските визби „Лазар“ и „Стоби“. Таму се запознаа со начинот на производство, а имаа можност и да дегустираат вино.


Петта Тиквешка винска регата по реката Вардар

Пред присутните се обрати и Панче Арсовски, директор на регатата.



Автор: Администратор
Објавено на: 01/07/2017 20:51