Советот на општина Валандово денеска на вонредна седница го прифати барањето за референдум на граѓанската иницијатива „Спас за Валандово“ и едногласно ја донесе Одлуката за негово респишување.

Останува Одлуката да ја потпише градоначалникот Николче Чурлиновски по што, во рок од 40 дена, би се одржал и референдумот.

На референдумот граѓаните на општина Валандово ќе се изјаснат дали се за или против продолжување со работа на рудникот „Казандол“ и дали се за или против отворање рудници за металични минерални суровини на територијата на општина Валандово.

Големо задоволство од донесувањето на Одлуката изразија активистите на „Спас за Валандово“. – Го изодевме најдолгиот пат, а најтешкото допрва следи. Продолжуваме храбро,г ордо и одлучно оти какви ќе бидеме сега, такви ќе останеме довека, изјавија тие.



Автор: Администратор
Објавено на: 03/07/2017 23:38