Општина Аеродром апелира до граѓаните доколку забележат уништување на урбаната опрема во Паркот на езерата или во околината веднаш да пријават во полиција или во Општината.
– Изминатиот викенд во Паркот на езерата група несовесни граѓани извршиле вандалски чин, кршејќи ја и уништувајќи ја урбаната опрема. Случајот е пријавен до надлежните полициски служби. Апелираме до граѓаните доколку забележат повторно насилство во паркот или во околината веднаш да пријават во полиција или во Општината, се посочува во соопштението од Општина Аеродром.