Нови земјотреси со јачина од 3,4 до 4 степени се почувствувани вечерва во охридско.

Овие земјотреси во науката се дефинираат како афтер шокови кои произлегуваат по големиот земјотрес со јачина од 5 степени, кој што се случи во 13 часот и 18 минути.

Првиот земјотрес со јачина од 4 степени бил со епицентар на 11 километри северо-источно од Охрид, на длабочина од 2 километри во 20 часот и 3 минути, според првичните информации, додека вториот со јачина од 3,4 степени бил на 11 северо-источно од Охрид, на длабочина од 2 километри во 20 часот и 24 минути.

Третиот земјотрес со јачина од 3,5 степени е регистриран во 20 часот и 28 минути, со епицентар на 6 километри северно од Ресен, исто така на длабочина од 2 килоемтри.

Последниот земјотрес со јачина од 4,1 степен, е регистриран во 20 часот и 30 минути со епицентар на 6 километри источно од Охрид, исто на длабочина од 2 километри.



Автор: Администратор
Објавено на: 03/07/2017 23:51