Незадоволни граѓани поради нерешавањето на проблемот со депонијата, која одново се запали и ги труе стружани, синоќа фрлаа ѓубре пред здрадата општината во Струга, пренесува Охридпрес.

– Ако не се дислоцира депонијата и не се реши овој проблем во најскоро време, ќе превземеме порадикални мерки. Ќе излеземе на нови протести и ќе ги блокираме патиштата, изјавија присутни граѓани.

Тие додаваат дека овој проблем е присутен години наназад, а некој профитира од тоа и си игра со нивното здравје. Стружани изјавија дека нема да престанат со притисокот додека не се најде решение за проблемот со депонијата.



Автор: Администратор
Објавено на: 06/07/2017 11:16