Пратеникот на Европскиот парламент и известувач за Србија Иво Вајгл оцени дека борбата против организираниот криминал е сериозно прашање за кое треба да се посвети посебно внимание во извештаите за напредокот на Србија во ЕУ.
Словенечкиот политичар, кој е член на Делагацијата за стабилизација и придружување на ЕУ и Србија, кажа за Радио слободна Европа дека Србија има остварено напредок во владеењето на правото, но на повеќе полиња таа се нема усогласено со стандардите и вредностите на ЕУ, меѓу кои се малцинствата и медиумите.
Иво Вајгл е првиот европски функционер кој го има отворено прашањето на големиот број жртви од мафијашките пресметки во Србија, кои се пропратени со исклучиво малиот број на решени случаи.
„Се работи на тоа да во Србија во последните пет-шест години имаше околу 80 случаи на типично мафијашки убиства, а само во шест случаеви некој да е приведен. Сите останати случаи исчезнаа низ правните лавиринти во Србија“-изјави Вајгл.
Тој додаде дека постои сомнеж што одлагањето и немањето желба овие случаи да се истражат, имаат врска со вмешаноста на политиката, а можеби и на високорангираните политичари во бизнисите блиски на мафијата.
„Значи тоа е секако сериозно прашање и мислам да, кога ќе разговараме за извештаите за напредокот на Србија и на некои други земји на Западниот Балкан, мораме да се насочиме и на овој проблем“-кажа Вајгл.
Како пример на проблем поврзан со владеењето на правото и неефикасноста на судството, Вајгл го наведе случајот „Савамала“.
"Значи, да - Србија мора поенергично да се посвети на своите обврски кога станува збор за истрагите за организираниот криминал",констатираше тој.
Европратеникот Иво Вајгл рече дека Србија не ги усогласила стандардите и вредностите на ЕУ во неколку области, пред се во однос на медиумите и малцинствата.
"Во дебата пред Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент реков дека имам чувство, бидејќи некогаш и самиот сум бил новинар и живеев во Белград, да пред 30 години можеби имаше повеќе креативни и слободни медиуми отколку што е тоа денес во Србија ", рече Вајгл.
Во однос на малцинствата, Вајгл наведе дека се гледа "очигледен напор на државата да ги контролира организациите на националните малцинства".