По повод христијанскиот празник Успение на Пресвета Богородица, македонското друштво „Илинден“ и огранокот за Голо Брдо, упатија честитка до архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан и до сите Македонци од православна вероисповед во Албанија, во Македонија и насекаде во светот.
Во честитката се наведува дека празнувањето на успението на Богородица значи празнување и почитување на семејството и семејните вредности, на разбирањето и љубовта кон ближните и подготвеноста за надминување на искушенијата.
На овој голем празник, стои во честитката потпишана од претседателот на друштвото, Никола Ѓурѓај и на огранокот, Или Халилај, со силата на свето име на мајката Божја во нашите молитви да се помолиме за здравје, љубов и благодет кои ќе донесат мир во нашите семејства и во целиот свет.