Два политички субјекти од владејачаката коалиција ќе ја помогнат коалицијата за да обезбеди кворум за вонредната седница на косовското Собрание, на која се настојува да се изгласа резолуција, со која ќе му се забрани на претседателот на државата Хашим Тачи да преговара со Србија за територијалната целовистост на Косово, јави дописникот на МИА од Приштина.

Учеството на седницата свикана за 4 септември, три дена пред продолжувањето во Брисел на разговорите на Тачи со претседателот на Србија Александар Вучиќ, го потврдија Алијансата за иднината на Косово (ААК) на актуелниот премиер Рамуш Харадинај и Иницијативата за Косово (Нисма) на вицепремиерот Фатмир Лимај.

Претседателот на Собранието Кадри Весели, кој е и лидер на главниот политички субјект на власт, Демократската партија на Косово (ПДК), иницијативата на опозицијата ја оквалификува како „апсурдно и сосема непотребно дејствие“, нагласувајќи дека институциите „нема да бидат дел од темните сценарија, лажни каузи и сеанси кои поттикнуваат тензии и паника“, пишува денеска „Коха Диторе“.

Меѓутоа, напоменува весникот, зборовите на Весели „не допреа до партнерите од власта“.

Пратенкот на ААК Мухарем Нитај го потврди учеството на пратениицте на неговата партија на седницата на која се настојува да се запре иницијативата на Тачи за корекција на границата со Србија, а истото го најави и извор од Нисма.



Автор: Администратор
Објавено на: 29/08/2018 11:01