Косовскиот премиер Рамуш Харадинај го одликува денеска амбасадорот на САД, Грег Делави со орденот „Златна карта на Косово“, за неговиот досегашен придонес за Косово, јави дописникот на МИА од Приштина.

- На денешната редовна средба со амбасадорот на САД Грег Делави, од името на Владата и на народот на Косово имав чест да му ја предадам Златната карта на Косово, како симбол на нашето високо вреднување за неговиот голем придонес во поддршка на нашата државна агенда и охрабрувањата за да го сториме најдоброто за сите наши граѓани. Косово поминува низ значајни политички процеси и помошта на нашите американски пријатели беше и ќе остане од витално значење за нашата земја. Господ да ја благослови Америка и нејзиниот народ, напиша Харадинај на Фејсбук.

На Делави наскоро му завршува мандатот во Косово, а американскиот претседател веќе го номинира Филип Коснет за негов наследник. Делави беше амбасадор на САД во Приштина во изминатите три години.



Автор: Администратор
Објавено на: 29/08/2018 13:19