Пет партии потпишаа денеска договор за формирање влада на лев центар во Словенија, предводена од мандататарот Маријан Шарец.

- Верувам дека сите го добивме она што го сакавме и дека владата ќе биде целосно оперативна за две недели, изјави Шарец.

Тие партии имаат поддршка заедно од 43 пратеници во Парламентот во кој има 90 членови. Тие договорија соработка со партијата Левица за да може да формираат малцинска влада што треба да стапи на должност во средината на септември.

Според локални аналитичари таквата влада нема да биде стабилна.

Победник на изборите во јуни - антиимиграциската Словенечка демократска партија на поранешниот премиер Јанез Јанша не успеа да добие поддршка за формирање влада.



Автор: Администратор
Објавено на: 29/08/2018 15:10