Помошник државниот секретар на САД Вес Мичел денеска имаше одделни телефонски разговори со претседателите на Србија и Косово, Александар Вучиќ и Хашим Тачи, давајќи им притоа поддршка на дијалогот меѓу Белград и Приштина.

Српскиот претседател Вучиќ, разговарал со Мичел за дијалогот помеѓу Белград и Приштина, европскиот пат на Србија и за подобрување на билатералните односи-соопштија од кабинетот на Вучиќ.

„Во разговорите е констатовано дека САД му даваат целосна поддршка на дијалогот меѓу Белград и Приштина, кој се води со посредство на Европската Унија, како и дека се надеват на постигнување на сеопфатно и долгорочно решение„-се наведува во соопштението.

Вучиќ на американскиот помошник државен секретар за Европа и Евроазија му кажал дека мисли да ќе му биде многу тешко да постигне договор меѓу Белград и Приштина, но дека ќе продолжи да вложува максимални напори за постигнување трајна стабилност на Западниот Балкан.

Тачи, по разговорот со Мичел на својот Твитер профил напиша дека имал одличен разговор со Мичел и дека му е благодарен за неговата и поддршката на САД за постигнување на мирниот, правно обврзувачки договор меѓу Косово и Србија.

„Договоривме координирани чекори за постигнување напредок. Американската поддршка беше и останува од витално значење за евроатлантската перспектива на Косово“, напиша Тачи по телефонскиот разговор со Мичел.



Автор: Администратор
Објавено на: 30/08/2018 17:01