Новиот филм од серијалот „Одмаздници“ за само пет дена по премиерата, заработи над 1,2 милијарди долари во светски рамки.

Kритичарите и познавачите прогнозираат дека „Одмаздници: Завршница“ ќе биде петтиот филм во историјата што ќе ја надмине границата од две милијарди долари заработка, па дури и дека може да го симне „Аватар“ и неговите рекордни 2,78 милијарди од престолот, иако тоа е тешко достижно.

Само во Северна Америка, филмот заработил 356 милиони, а во остатокот од светот – 866 милиони долари.



Автор: Администратор
Објавено на: 30/04/2019 17:25