Телевизиската и филмска ѕвезда Емилија Кларк ја одбила главната улога во филмот „50 нијанси сива“ поради сцените со голотија и секс.

-Последен пат кога бев гола пред камера (како Денерис во „Игра на престоли“) беше пред неколку години, и тоа е сè уште едно од главните нешта по кои сум позната и ме прашуваат, и тоа само затоа што сум жена. Многу ме нервира. Јас го направив тоа поради ликот што го толкував, а не за мажите да ги гледаат моите гради!, изјави Кларк за НМЕ.

Таа натаму додава и дека глумењето во филм каде што фокусот е на сексот и голотијата само би го пренагласил нејзиниот надворешен изглед и би ги засенил другите квалитети, кои нејзе и се побитни.



Автор: Администратор
Објавено на: 31/05/2019 16:26