Успехот на американската телевизиска мини-серија за најголемата нуклеарна катастрофа во светот во Чернобил предизвика зголемување на бројот на туристи кои сакаат да ја посетат електраната и „градот на духови“ во близина.

Туристичка агенција во Чернобил регистрирала 40 отсто зголемување на резервациите, од почетокот на емитувањето на серијата во продукција на Ејџ-Би-О во мај.

Прошетка низ Чернобил, со водич на англиски јазик, чини околу 100 долари по човек. Во април оваа година се навршија 33 години од катастрофата во Чернобил.



Автор: Администратор
Објавено на: 05/06/2019 17:32