Проекција на краткометражните филмови „Одлука“ и „Почетокот“ ќе се одржи вечерва во Џебното кино во МКЦ – Скопје.

„Одлука“ и „Почетокот“ се во режија на Агим Абдула и продукција на Galaktika Pictures.

По проекцијата неформалниот колектив за театарска и филмска критика Гледај.мк организира дискусија со режисерот Агим Абдула и продуцентот Бунјамин Куртиши.



Автор: Администратор
Објавено на: 20/06/2019 12:01