Ѕвездите на хит-серијата „На лош пат“, Брајан Кренстон и Арон Пол, скоро истовремено, објавија иста слика од две магариња, со истиот придружен коментар: „Наскоро“.

– Со нетрпение го чекам ова, напиша сценаристот на серијата, Питер Гоулд, на една од објавите.

Сѐ ова уште еднаш ги разгоре гласните за можен филм продолжение на светската хит-серија која заврши пред шест години, коешто пак во мигов е една од најголемите холивудски мистерии, објави ИМДБ.

Серијата „На лош пат“ (Breaking Bad) е приказна за просечен професор по хемија (Кренстон), кој се соочува со неизлечива болест, па тогаш решава да се впушти во водите на органзираниот криминал, заедно со свој поранешен студент (Пол), кој веќе пошол на тој лош пат. Поради знаењето и остроумноста на професорот, тие ги избегнуваат сите пречки и заработуваат милијарди долари, сѐ додека на крајот полицијата не им влезе в трага.

Во последната епизода, професорот паѓа повреден и слаб од болеста, и сѐ укажува дека тој веќе умира, но тука сцената прекинува и гледачот не го гледа тоа. Тоа ќе рече, можеби има простор професорот и да бил спасен…

Некои пак, сметаат дека можеби се работи за сосем нов проект на актерскиот тандем Кренстон – Пол.



Автор: Администратор
Објавено на: 26/06/2019 17:03