Лидерот на опозицијата во Венецуела и привремен претседател Хуан Гуаидо изјави дека назначил влада во сенка, што претставува нова фаза во борбата за соборување на претседателот Николас Мадуро.

Тој објасни дека пет нови помошници ја подготвуваат транзицијата на владата и новите избори.

Гуаидо, кој е претседател на Парламентот, се прогласи за привремен претседател во јануари затоа што, според него, изборите што ги спроведе Николас Мадуро претходната година биле лажирани.На новата функција Гуаидо го поддржаа околу педесет земји, вклучително и САД.

Гуаидо го повика популарниот опозициски политичар Леополд Лопез, кој е во домот на шпанскиот амбасадор во Каракас под негова заштита, да ја прифати позицијата генерален координатор на кабинетот во сенка.

Опозицискиот политичар и правник Хулио Боргез, кој живее во егзил во Колумбија, се смета за шеф на дипломатијата на Гуаидо.

Другите членови на тимот на Гуаидо ќе се занимаваат со економскиот развој, инвестициите и човековите права. з



Автор: Администратор
Објавено на: 29/08/2019 17:35