ХБО официјално го најави претпродолжението на „Игра на престоли“. Тоа ќе биде исто така, во вид на серија, под наслов „House of the Dragon” (Куќата на Змејот).

Според информациите, на сценариото ќе работат Џорџ Р.Р. Мартин, Рајан Кондал и Мигел Сапочник, а тоа ќе се заснова на книгата на Мартин – „Оган и крв“. Мартин е автор и на оригиналната „Игра на престоли“.

Новата приказна е сместена 300 години пред онаа во „Игра на престоли“.



Автор: Администратор
Објавено на: 30/10/2019 14:14