Еден од најпознатите и највлијателни хорор филмови на сите времиња, „Кошмар во улицата на брестовите“ го прослави својот 35-ти роденден.

По голема пауза од последниот дел од серијалот, многу е лесно да се занемари влијанието на овие филмови, кои низ годините се претворија во пародија на сами себе, но факт е дека станува збор за хорор кој во целост го смени начинот на пристап кон овој жанр. А пак, тоа е нешто што хорор-мајсторот Вес Крејвен го има направено повеќепати во текот на својата долга и плодна кариера.

Барајќи негативец, режисерот прво, за улогата на Фреди Кругер, на ум имал крупна личност, како во неколку други серијали од 70-тите и 80-тите години, „Петок 13-ти“, „Ноќ на вештерките“, „Тексашкиот масакр со моторна пила“… Но, на крајот, ситниот Роберт Енгланд одлично се вклопи во приказната, коментираат критичарите, а и времето го покажа тоа. Филмот се претвори во хорор-класика.

Франшизата „Кошмар во Улицата на брестовите“ има седум филма и еден спој со „Петок 13-ти“, заедничкото продолжение на двете приказни под наслов „Фреди против Џејсон“ од 2003 година.



Автор: Администратор
Објавено на: 18/11/2019 16:55