Глумицата Џулија Ормонд ќе има една од улогите во третата ТВ-серија со наслов „Живи мртовци“ (The Walking Dead), соопшти продукциската куќа АМЦ.

– Почестени сме што ја имаме Џулија во нашата екипа. Благодарен сум на талентот, грациозноста, интелектот и хуморот што таа ги донесе на снимањето, изјави Скот М. Гимпл, еден од авторите.

Ормонд е првото звучно име во екипата. Досега се знаеше дека другите улоги ги глумат Анет Махендру, Алија Ројал, Нико Торторела…

Третата серија ќе носи наслов „The Walking Dead: World Beyond“ и ќе почне да се прикажува наредната 2020 година.



Автор: Администратор
Објавено на: 25/11/2019 12:13