Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека наредил Федералната служба за управување со вонредни состојби (ФЕМА) да испрати мобилни болнички центри на најпогодените американските држави од коронавирусот – Вашингтон, Калифорнија и Њујорк.
Трите држави ќе добијат 4.000 дополнителни кревети, од кои 1.000 ќе бидат лоцирани во најтешко погодената држава Њујорк и 2.000 во Калифорнија, рече Трамп на прес-конференција во Белата куќа.
Трамп изрази одредено незадоволство од одговорот на Кина на коронавирусот и повторно го обвини Пекинг дека не дели клучни податоци за епидемијата.
Кинеските власти „требаше да не информираат“, истакна американскиот претседател. Тој повторно ги опиша кинеско-американските односи како „многу добри“, но додаде дека „би го ценел тоа доколку бевме информирани за проблемот три месеци порано“.
– Ние би спасиле многу животи низ целиот свет“, истакна Трамп.