Вториот „Џејмс Бонд 007“ глумец во светски познатиот серијал филмови на продукциската куќа МГМ, Австралиецот Џорџ Лејзенби му го честиташе 90-от роденден на Шон Конери.

Лејзенби ја презеде улогата во шестиот филм за, според многумина – најпознатиот филмски таен агент – „Во служба на нејзиното височество“. Неговиот претходник, Конери вчера наполни 90 години.

„Шон, за мене, секогаш беше ’фраерот“. Одев по неговите стапки; морав да изгледам и да се облекувам како Шон Конери; одев и кај неговите бербери и кројачи. Не се плашев кога ја прифатив за улогата… Тој беше човекот што ме инспирираше никогаш да не се двоумам. Друга нешто што ни е заедничко е тоа дека двајцата сме семејни мажи… Па така, им посакувам сѐ најдобро и на г-ѓа Конери, на вашите деца и – да останеме безбедни! Од срце, Џорџ“, напиша Лејзенби.

Шон Конери го глумеше Бонд и во седмиот филм од серијалот, како и во 90-тина други филмови, како што се: „Крвави пари“, „Макбет“, „Робин Худ: Принцот на крадците“, „Изгрејсонце“, „Хајлендер“, „Лига на необичните господа“… Својата филмска кариера ја заврши 2012 година, со улога во филмот „Сер Били“.



Автор: Администратор
Објавено на: 26/08/2020 19:03