Отворањето на фудбалските стадиони во Италија не е меѓу приоритетните задачи на властите во земјата, соопшти денеска италијанскиот министер за спорт Винченцо Спадафора.
Тој изрази уверување дека базените, вежбалниците и фитнес салите ќе бидат отворени во јануари, нагласувајќи оти враќањето на фудбалските навивачи, во овој момент, не е приоритет.
-Сите се надеваат дека тоа ќе се случи, меѓутоа, владата има листа со приоритети. Проблем е кога многу луѓе ќе тргнат во иста насока, во исто време. Тоа значи дека ќе мора да се направи детална анализа и проверка, и да се придвижи машина што не е приоритет, каков што, на пример, се училиштата, изјави Спадафора.