Натпреварот од 16. коло во Премиерлигата меѓу Тотенхем и Фулам, што требаше да се игра вечерва од 19 часот по средноевропско време, е одложен поради позитивни фудбалери на коронавирус во редовите на Фулам.

Одлуката за одложување на натпреварот беше донесена три часа пред закажаниот почеток, што предизвика иронична реакција од тренерот на Тотенхем, Жозе Мурињо.

– Натпревар во 6 часот попладне, Се уште не знаеме дали ќе играме. Најдобра лига во светот, напиша Мурињо на својот Инстаграм профил.



Автор: Администратор
Објавено на: 31/12/2020 00:31