Дефанзивецот на Челзи, Маркос Алонсо, би можел во зимскиот преоден рок да дојде во редовите на Атлетико Мадрид како позајмен фудбалер, јавија денеска англиските медиуми.
Алонсо (30) има договор со Челзи до средината на 2023 година, а сезонава за лондонскиот премиерлигаш одигра само три натпревари, последниот пред три месеци.
Алонсо во кариерата има настапи за Реал Мадрид, Болтон, Фиорентина и Сандерленд, а од 2016 година го носи дресот на Челзи.