Премиерот на Црна Гора, Здравко Кривокапиќ, ја прифати можноста за разговори за реконструкција на црногорската Влада, формирана на 4 декември.

По дводневните разговори со лидерите на Демократскиот фронт (ДФ) Андрија Мандиќ и Милан Кнежевиќ, кои бараат реконструкција на владата, тој рече дека тие потврдиле дека се заинтересирани владата да преживее четири години.

– Како премиер, се согласив да разговарам за реконструкција на владата во граници што се прифатливи, природни и кои можат да влијаат на Владата да биде поефикасна, да донесува побрзи одлуки, во соработка со парламентот, изјави Кривокапиќ.

Тој рече дека културата на дијалог е мерка за демократија и дека почесто ќе се организираат состаноци што можат да бидат корисни и да даваат јасни пораки и сугестии.

На парламентарните избори на 30 август, на кои Демократската партија на социјалистите влезе во опозиција по 30 години, Кривокапиќ беше носител на листата околу ДФ.



Автор: Администратор
Објавено на: 21/03/2021 23:40