Албанскиот премиер Еди Рама денеска ќе отпатува за Франција, каде ќе се состане со францускиот претседател Емануел Макрон.

-Не е познато на кои теми ќе разговараат францускиот претседател и албанскиот премиер, освен што Рама посетата ја остварува по покана на Макрон, наведува Топ чанел.

Премиерот Рама неодамна најави дека ќе оди во посета на земја членка на ЕУ од каде ќе обезбеди поголема количество анти-ковид вакцини, а деновиве нарекувајќи ја добра вест рече дека во земјата ќе пристигнат 60.000 дози. Дали тоа ќе биде токму Франција останува да се види.

Последната средба меѓу Рама и Макрон беше во Франција на 15 мај 2018 година, а во мај 2019 година Рама, Меркел и Макрон имаа средба со косовските лидери во Берлин.



Автор: Администратор
Објавено на: 22/03/2021 14:05