Повлекувањето на Турција од Конвенцијата на Советот на Европа за спречување и борба против насилството врз жените и семејното насилство е уназадување во областа на човековите права и предизвикува особено разочарување, коментираат од Министерството за надворешни работи на Грција, јави дописничката на МИА од Атина.

Преку официјалниот Твитер профил, од грчкото МНР велат дека Грција смета дека треба да се интензивира борбата против насилството врз жените и „во овој контекст, заштитата на Истанбулската конвенција е исклучително важна“.



Автор: Администратор
Објавено на: 22/03/2021 14:13