Албанскиот премиер Еди Рама, отпатува за Турција, каде се очекува да го финализира договорот за набавка на антиковид – вакцини од кинеско прозводство преку турски дистрибутер.

Спорд медиумите, Рама ќе оствари официјална средба со претставници на турската компанија „Кејмен илач Санаји тикарет“ (Keymen Ilaç Sanayi ve ticaret), за да го потпише договорот за снабдување на Албанија со кинески вакцини.

Албанскиот Парламент вчера даде зелено светло за набавка на кинески и руски вакцини.

Од Владата потврдуваат дека ќе се сретне и со неговиот голем пријател, турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

Посетата на премиерот Рама на Турција се случува ден пред официјалнот почеток на изборната кампања во Албанија. Неговата Социјалистичка партија почетокот на кампањата за изборите на 25 април ќе ја означи утревечер во 18:00 часот од плоштадот Скендербег во Тирана.

Инаку, вчера министерката за здравство Огерта Манастирлиу најави приситигнување голема количина вакцини и започнување масовна вакцинација на населението.

-Набрзо почнуваме масовна вакцинација со 10-15 илјади вакцини дневно. На тоа работиме посветено. Очекуваме 60 до 80 илјади дози преку Ковакс механизмот, поголема количина од Фајзер, како и вакцини од кинеско прозводство, рече таа. Во Албанија до сега приситигнати се над 90 илјади вакцини од „Фајзер“, од „АстраЗенека“ и „Спутник V“, кои како донација од Обединетите Арапски Емирати пристигнаа пре два дена.

Со имунизацијата, која почна на 11 јануари опфатени се 53.992 лица главно здравствени работници, постари лица од 80 години, просветни работници и унверзитетски професори.



Автор: Администратор
Објавено на: 25/03/2021 00:04