Министерот за финансии на Србија, Синиша Мали, најави дека на денешната седница на Владата на Србија ќе биде усвоен Предлог закон за електронско фактурирање, со кој систематски се регулира областа на испраќање, примање и чување на електронски фактури, соопшти агенцијата ФоНет.

-Со ова се следи најдобрата практика што ја применуваат земјите од Европската унија и се подобрува транспарентноста, правната безбедност и конзистентноста на правната рамка што ја регулира областа на електронското фактурирање, соопшти Мали на својот профил на Инстаграм.

Тој најави дека користењето на системот на електронски фактури ќе биде бесплатно „и нема да бидат создадени дополнителни трошоци за неговите корисници“.

Овој закон ќе овозможи заштеда во времето потребно за работа со фактури, бидејќи ќе нема потребата за издавање, примање и чување на фактури во хартиена форма.

-Заштедата на време ќе се постигне затоа што за пребарување на електронските фактури е потребно помалку време отколку за пребарување на хартиените архиви, истакна Мали.



Автор: Администратор
Објавено на: 25/03/2021 14:32