Видео-конференцијата на Европски народни партии (ЕПП) беше фокусирана на набавките на вакцини и односите на Европска Унија со Турција и Русија, за кои шефовите на држави и влади ќе разговараат на Европскиот совет, соопшти Граѓани за европски развој на Бугарија (ГЕРБ).

Како што јави дописникот на МИА од Софија, лидерот на владејачката партија во Бугарија и премиер Бојко Борисов на конференцијата истакна „доцнењето во снабдувањето со вакцини веќе станува политички проблем“.

Тој во исто време ја поздрави подготвеност на ЕК да примени разни мерки на фармацевтските компании со цел да се забрза снабдувањето со лекови.

– Основните вредности на ЕУ се единството и солидарноста. Ајде да го покажеме. Ниту една земја не треба да остане сама во оваа криза и каде што има потреба, да се помогне, наведе Борисов.

Тој се осврна и на односите на ЕУ со Турција и Русија.

– Мир и дипломатија, така мора да се решава секој проблем. Двете земји се важни наши партнери и ние мора да продолжиме да одржуваме активен дијалог со нив. Сепак, како најголема европска партија, не смееме да правиме компромис во нашите односи со почитување на основните европски вредности и меѓусебно почитување.



Автор: Администратор
Објавено на: 26/03/2021 00:29