За време на Канскиот филмски фестивал е објавено дека студиото „Вистбрук“ на Вил Смит и Џејда Пинкет-Смит ги здружуваат силите со „Нетфликс“ за продукција на филмот „Алхемичарот“, според истоимениот роман на Паоло Куељо.

Себастијан де Соуза, Том Холандер и Шоре Агдашлу ќе бидат во главните улоги во филмот. Кевин Фрејкс е режисер. Снимањето е закажано за во Мароко, септември годинава, а премиерата – во 2022 година.

Според „Нетер филмс“, „Стотици милиони луѓе нашле инспирација во ’Алхемичарот‘ последниве три десетлетија и ги оствариле своите соништа“, слушајќи ги своите срца и никогаш не губејќи надеж кога би биле исправени пред несреќи.



Автор: Администратор
Објавено на: 19/07/2021 12:28