Веќе легендарниот глумец Клинт Иствуд во јули објави дека, на свои 92 години, се простува со богатата филмска кариера која трае повеќе од 60 години. Неговиот последен филм е „Нежниот Мачо“ (Cry Macho), од жанрот „нео-вестерн“, со приказна сместена во Тексас (САД), 1970-тите.

Клинт глуми, го режира и продуцира филмот, а првото прикажување е закажано за денеска.

„Тој филм требаше да се сними пред 40 години“, се потсеќа оскаровецот на својот интернет-простор.

Притоа раскажува дека тогаш бил млад за улогата, па сакал да го ангажираат Роберт Мичам, а тој (Иствуд), да режира, како што му рекол на тогашниот продуцент. Филмот, сепак, се сними четири десетлетија подоцна, на огромна радост на копродуцентот и негов соработник, Тим Мур.

– Секој сака да го гледа Клинт како каубоец, во седлото… Тој не бил на коњ од „Непростено“ (филмот оскаровец од 1992 година). Првиот ден кога „го седнавме“ на коњ, на снимањата, екипажот беше воодушевен. Тоа беше посебен миг!, вели Мур.



Автор: Администратор
Објавено на: 17/09/2021 14:53