Глумицата Кејли Куоко, можеби најпозната по американските хумористични серии „Бубалици“ (The Big Bang Theory) и „Стјуардеса“ (The Flight Attendant), објави дека има ново момче.

Станува збор за глумецот и добитник на две „Еми“ награди за глума, Том Пелфри (40). Тој ја потврди веста, споделувајќи една од заедничките романтични слика, каде што тој ја бакнува, а таа се смешка.

„Животот во последно време… Сонцето се пробива низ облаците, а златните зраци ми се лизгаат во очите и срцето. Жолти зраци – за да го разбијат сивилото“, ја опиша Куоко сликата. Пораката е исполнета со црвено срце, елка и неколку други емотикони, што можеби укажуваат на заедничко патување или одмор. Куоко поднесе барање за развод од Карл Кук минатиот септември, по три години брак.



Автор: Администратор
Објавено на: 05/05/2022 13:16