Шуан Шуан, најстарата панда во Мексико, почина во зоолошката градина „Чапултепек“ во Мексико Сити, точно на својот 35-ти роденден.

Властите не ја соопштија причината за смртта на животното.

Инаку, просечниот живот на една панда во дивината трае околу 15 години.

Шуан Шуан се родила 1987 година и беше една од пандите што живееле најдолго вон Кина – нивното природно живеалиште.



Автор: Администратор
Објавено на: 08/07/2022 15:46