Екипи на Турската крајбрежна стража привела 100 мигранти кои биле забележани во близина на турскиот град Ердемли а крајната дестинација им била Кипар. 60 од мигрантите биле деца а сите биле натоварени во мал чамец.

Во Грција пак биле спасени 36 мигранти кои патувале со чамец во водите на Егејското море во близина на островот Икарија. Грчките медиуми јавија дека еден од мигрантите преку мобилен телефон пријавил во службата за итна помош дека се наоѓаат во чамец кој е во лоша состојба и на тој начин крајбрежната стража започнала потрага по нив што на крај завршила со успех.


Приведени 100 мигранти во Турција, 36 мигранти спасени во Грција

Потрагата била организирана со три брода а крајбрежната стража добила помош и од Европската агенција за контрола на надворешните граници – Фонтекс. Мигрантите биле пренесени на копно во пристаништето Евдилос на Икарија.



Автор: Администратор
Објавено на: 13/10/2016 18:23