Пет партии од коалицијата „Србија против насилство“ вечерва гласаа за излегување на локалните избори во Белград, што претседателката на српското Собрание, Ана Бранабиќ, вчера ги најави за 2 јуни, додека четири партии беа против.

Коалицијата најави дека конечната одлука ќе биде донесена утре.

Телевизијата Н1 јави дека за учество на изборите во Белград се изјасниле Народното движење на Србија, Зелено-левиот фронт, Еколошкото востание, Движењето на слободни граѓани и Новото лице на Србија.

Партијата на слободата и правдата, Демократската партија, Србија Центар и Заедно гласаа против да се оди на избори, но демократите по гласањето најавија дека ќе ја поддржи одлуката на мнозинството.

-Демократската партија беше за тоа да не се излезе на избори, но тоа беше условено затоа што рековме дека ако мнозинството е поинакво ќе ја почитуваме одлуката на мнозинството. Рековме и дека услов за излегување на избори е исполнувањето на првиот услов во врска со избирачкиот список, законски да се утврдат надлежностите на комисијата, а другите партии се согласија за тоа, утре ќе се сретнеме да видиме како ќе постапиме“, за Н1 изјави претседателот на ДС, Зоран Лутовац.



Автор: Администратор
Објавено на: 20/04/2024 05:05