Претседателот на Србија, Александар Вучиќ и помошникот секретар на Бирото за европски и евроазиски прашања на Стејт департментот Џејмс О'Брајан по денешната средба во Белград оценија дека Србија и САД имаат различни ставови по прашањата за Косово и Резолуцијата за Сребереница, како и дека разговарале за тоа „како да бидата партнери денес“, јави дописникот на МИА од Белград.

Џејмс О'Брајан изјави дека една од темите била престојаната посета на Вучиќ на Њујорк во ОН.

-Косово вети дека ќе ја спроведе обврската за формирање на ЗСО и тоа е од клучно значење за Србите. Ако постои загриженост дека меѓународната заедница не ги исполнува своите обврски, се надевам дека ќе работиме на исполнување на ветувањето и ќе помогнеме, изјави О'Брајан на прес-конференцијата по средбата.

За гласањето на Резолуцијата за Сребреница, тој рече дека бил дел од тимот што ги истражувал убиствата.

-Направено е злосторство и многу сторители беа истражени и осудени... Во тоа време владата на Србија ни ја гарантираше безбедноста, а во тоа време со нас беа и претставниците на ОН додека ја баравме вистината. Тоа го правиме и денес и мораме да се соочиме со вистината. Тогаш бевме партнери и сега треба да бидеме, изјави американскиот дипломат.

Вучиќ изјави дека на маса има многу тешки теми за Србија. Тој посочи дека во однос на Косово и Сребреница, Србија и САД за малку работи се согласуваат.

-Реков дека знаеме дека сме мали, дека Америка е велесила, но ќе се спротивставиме на насилството врз српската држава и народ колку што можеме и ќе се бориме. И да изгубиме, што да правиме, изјави Вучиќ.

Тој порача дека му е благодарен на О'Брајан за неговиот јасен став дека е исклучително важно Приштина да ја исполни својата обврска за формирање на ЗСО.

-Таа посветеност е голема и силна и е мртва буква веќе 11 години. Сите нè лажат - и Приштина и Европејците. Можно е и никој да не не лаже, но по 4.000 дена не направија ништо за Србите кои исполнија се од Бриселскиот договор, дури и одредени работи од Охридскиот договор, рече Вучиќ.

Зборувајќи за резолуцијата за Сребреница, Вучиќ рече дека САД и Србија ниту за тоа прашање не се согласуваат.

-Тоа беше донесено како одлука на една нација против друга во рамките на БиХ, беше префрлено од Советот за безбедност во Генералното собрание на ОН, беше покрената, чудно, на многу важна 29-годишница и тоа не е насочено против Србите, туку онака, иронично кажа Вучиќ и додаде дека „ние Србите тоа не го разбираме така и ќе се спротивставиме во ОН доколку можеме“.

На средбата разговроано е и за економскта соработка меѓу Србија и САД



Автор: Администратор
Објавено на: 20/04/2024 13:57