Хрватскиот министер за надворешни работи Гордан Грлиќ Радман денеска изјави дека Хрватска преку својот амбасадор во Србија го осуди нападот врз хрватски боксер во Белград.

Хрватскиот боксер Никица Радониќ синоќа бил нападнат во парк во Белград, каде со репрезентацијата на Хрватска учествува на Европското првенство во бокс и бил полесно повреден, поради што го откажал понатамошното учество на Европското првенство.

Радониќ за хрватските медиуми изјави дека нападот најверојатно не бил етнички мотивиран, туку од група хулигани.

На прашањето на новинарите во Загреб дали Хрватска испратила протестна нота до Србија, Грлиќ Радман потсети дека Министерството тоа веќе го сторило минатиот вторник поради физичкиот напад врз четворица хрватски државјани и двајца српски државјани кои застанале за нив на 14 април. во Панчево.



Автор: Администратор
Објавено на: 24/04/2024 04:15