Специјалниот пратеник на ЕУ за дијалог, Мирослав Лајчак, денеска изјави дека очекува претстојните разговори меѓу главните преговарачи на Белград и Приштина во Брисел да се засноваат на „многу конкретни идеи“, оценувајќи дека за време на претходната рунда од дијалогот, јазот меѓу страните се намалил.

Лајчак на Фејсбук објави, без да прецизира датум, дека ќе продолжат разговорите во Брисел на ниво на главните преговарачи на Белград и Приштина во врска со користењето на динарот бидејќи, како што додаде, се уште има одредени разлики меѓу страните по претходната средба од 18 април.

Сумирајќи ја изминатата недела, во која престојуваше во Босна и Херцеговина и Словенија, тој изјави дека од Босна и Херцеговина се вратил во Брисел со цел да ги продолжи напорите на Белград и Приштина да „најде средина“ во однос на т.н. „прашањето за динарoт“.



Автор: Администратор
Објавено на: 24/04/2024 04:15