Албанец денеска е осуден на девет години затвор во Велика Британија, за организирање на илегални преминувања со „мали чамци“, преку каналот Ламанш, на мигранти од северна Франција, меѓу нив и деца до петгодишна возраст, јави Топ чанел.

Станува збор за Мустаф Цунај (41), кој живеел во Толворт, југозападен Лондон, а бил во постојан контакт со шверцери кои оперирале во северна Франција во летото и есента 2022 година.

-Тој го користел псевдонимот „Џон Браун“ за да контактира со мигрантите преку WhatsApp и да организира премини со мали бродови преку каналот од Франција до Велика Британија. Според истрагата, тој направил најмалку 31 поминувања преку Ламанш, во период од пет недели. Во разговор со друг шверцер го договорил минувањето на жена и деца на возраст од пет и девет години, земајќи 8.000 фунти, наведува телевизијата.

Според истиот извор, Националната агенција за криминал (NCA) соопштила дека Цунај е еден од неколкуте членови на банда во Велика Британија, за шверц на луѓе за која се смета дека донела околу 10.000 луѓе во земјата.

-Шефот на бандата, Хева Рахимпур, беше осуден на 11 години затвор во Белгија во октомври при надгледување на операцијата, која се протегаше од Турција до Белгија и Франција. Неколку други членови на бандата добија затворски казни од 30 месеци до 10 години. Цунај првпат беше уапсен од полицијата во октомври 2022 година и пуштен, но остана под истрага, додава телевизијата, повикувајќи се на британските медиуми.

Цунај беше приведен откако британскиот парламент во понеделникот ги одобри контроверзните владини планови за депортирање во Руанда на мигранти кои немаат документи, како дел од акцијата против премините со „мали чамци“.

НЦА, која истражува сериозен и организиран меѓународен криминал, наведува дека Цунај, бил во „постојан контакт“ со шверцери на луѓе во северна Франција во 2022 година и наплаќал од 4.000 до 8.000 за илегално преминување.

Во 2022 година околу 13 илјади албански граѓани, а минатата над 7 илјади, главно од округот Кукс, северна Албанија, илегално се пренесени на британска територија.



Автор: Администратор
Објавено на: 24/04/2024 04:16