Најдобриот кошаркар на Милвоки бакс, Јанис Адетокунбо, се обидува да ја трансформира својата игра. Како што се приближува до својот 30-ти роденден, напаѓачот се подготвува за подоцнежните фази од неговата кариера.
- На моја возраст сфатив дека за да останам ефективен и да постигнам победи со тимот, треба да ја сменам мојата игра. Јас сум многу ефикасен под обрачите, но ваквата кошарка е премногу контактна, постојано примам удари. Затоа почнувам да шутирам од полудистана. Во ваква игра како никој да не ме допрел. Тоа е неверојатно чувство, навистина ми се допаѓа, па се движам во таа насока. Минатата година мислам дека упатив 39 удари од средна далечина на 73 натпревари. Оваа година веќе се 40 во 16 натпревари. Ја подобрувам прецизноста, се надевам дека во иднина ќе бидам уште попрецизен, изјави грчкиот репрезентативец.
Адетокунбо на мечот со Атланта одигран ноќеска постигна 31 поен, 11 скока и 5 асистенции, реализирајќи 8 од 14 удари од поле.
Милвоки беше поразен (104:119) и ја прекина серијата од седум победи.