Рубен Дијаз е уште еден важен играч со повреда во Манчестер Сити. Португалецот заработи повреда на дербито со Јунајтед и ќе отсуствува околу еден месец, откри менаџерот на „граѓаните“, Пеп Гвардиола.
Сепак, Мануел Аканџи се враќа, а Џон Стоунс исто така е целосно закрепнат.
-Дијаз ќе биде надвор од теренот долго време. Три или четири недели. Тој има проблеми со мускулите. По 75 минути против Јунајтед почувствува нешто, но тој е толку силен што остана на теренот. Сега е повреден. Сепак, Мануел Аканџи веќе тренира со нас последните два дена, што е добро. Секако, важно е што се врати и Џон Стоунс, и тоа во најдобра форма. Кога сте повредени, ви треба време да се вратите во форма. Тој е важен играч за нас долги години, изјави Каталонецот.
За претстојното тешко патување во Астон Вила, Гвардиола потсети дека минатата сезона загубија на гостувањето на „Вила парк“ и тие биле подобриот тим.
-Но, минатото е минато. Сега моментот е поинаков и мораме да се справиме. Не сум изненаден што на Астон Вила и оди добро во Лигата на шампионите. Менаџерот се справува со многу работи и беше неверојатно успешен. Унаи беше во многу клубови каде што мораше да игра на двата турнира и се снајде многу, многу добро, додаде Гвардиола