Продолжува традицијата младите да се крводарители, изјави Бранко Аџигогов, директор на Фондот за здравствено осигурување на Македонија (ФЗОМ), за време на денешната посета на подрачната едница на ФЗОМ во Битола.
За време на крводарителската акција на ФЗОМ „Фондовско срце“, денеска во Битола крв даруваа над 40 лица, посочи Аџигогов.
-„Фондовски срце“ е дел од годишните акции на ФЗОМ за подигнување на крводарителството како висок чин на алтруизам кај луѓето. Сите знаат зошто е битно да се дарува крв и да се имаат резерви од крв. Крводарителите како лица што даруваат крв за да спасат човек, се лица со највисок алтруизам и несебично помагаат на други за да преживеат во тешки моменти. Во здравствениот систем се детектираат крводарители кои после 10 пати дарувана крв се ослободуваат од партиципација, иако во минатото имаше дилеми за ослободување, слободно ќе кажам, нагласи Аџигогов, дека оваа година се надмина таа пречка и крводарителите си го вратија местото во системот.
На прес конференција ви Битола, директорот на ФЗОМ, Аџигогов истакна дека ФЗОМ како институција што го поттикнува крводарителството целосно ги надоместуваме надоместоците и во случај одредени компании да не овозможуваат слободни денови за краводарители, иако ретки се тие случаеви.
-За нас посебно е значајно што продолжува традицијата младите да се крводарители, изјави Аџигогов.
На прес конференцијата во Битола, градоначалникот Тони Коњановски потсети на крводарителските акции во градот и поддршката што ја овозможува локалната самоуправа.
-Активноста „Фондовско срце“ е исклучитено хумана, гест препознатлив за битолчани и за град што помага и дарува на сите организирани крводарителски акции, нагласи Коњановски.
Според локалните институции во Битола крводарителските акции и резервите од дарувана крв се на високо ниво, беше посочено на денешната прес конференција во овој град