На влезовите во градскиот зелен пазар, од страна на полициски службеници, волонтери на Црвениот крст, преставници од ЈП паркинг и „Мој Општинар“ се делеа едукативни флаери, во кои се содржани препораките за носење заштитна опрема, држење социјална дистанца и други препораки за заштита и превенција од вирусот
Основното јавно обвинителство Скопје до надлежен суд денеска поднесе предлози за издавање казнени акти против 8 лица кои не го почитувале полицискиот час, односно Одлуката за забрана и посебен режим за движење на територијата на Република Северна Македонија, соопштија од ОЈО Скопје
Се навршуваат 680 години од осветувањето на Полошкиот манастир „Свети Ѓорѓи", кој сега се наоѓа близу брегот на втората по големина вештачка акумулација Тиквешко Езеро и до него се стигнува само по воден пат, потсетува историчарот Петре Камчевски
Без вода утре од 09:00 часот ќе останат корисниците на бул. „АСНОМ", Општина Аеродром
ЈП „Плаваја“ од Радовиш постави нови 10 контејнери за селекција на стаклен отпад на исто толку локации низ градот, соопштија од радовишкото комунално претпријатие
Учениците од социјално ранливи семејства од општина Кочани ќе добијат таблет компјутери за да можат да се вклучат во наставата од далечина што се реализира за време на вонредната состојба предизвикана од коронавирусот
Објавена е поетската збирка „Шума“ на Сашо Огненовски на албански јазик. Препевот е на Јетон Калеменди, а делото го издаде издавачката куќа „Ива Богдани“ од Приштина, Косово
Вечер ќе започне одржувањето на серијалот „Корона дијалози“ што ќе опфати повеќе онлајн дискусии за влијанието на пандемијата врз општественото живеење и секојдневните текови
Спортскиот центар „Борис Трајковски“ соопшти дека во исчекување на одлуката на Владата за олабавување на мерките за спречување и ширење на Ковид-19, почнал со подготовка на содржините во комплексот
Водостоите на речиси сите реки во земјава се пониски од просечните и бележат благо намалување во однос на вчера, покажуваат резултатите од последните мерења направени од Управата за хидрометеоролошки работи