Деталниот урбанистички план за Градската четврт Ц03 – Соборен храм од денеска, па сè до 23 мај ќе биде ставен на јавна анкета на граѓаните
Филмот „Господ постои, името ѝ е Петрунија“ на Теона Стругар Митевска освои две награди на Деа Филмски Фестивал во Тирана што се одржа од 2 до 8 мај
Група граѓани на Охрид од населбата „Бејбунар“ денеска се собраа на протест против изградба на станбена зграда на локација за која сметаат дека го нарушува просторот, оттаму што маркицата е вметната во зеленилото меѓу нивните станбени блокови.
Со премиера на претставата „Бакхи-краток преглед на распадот“ која на матичната сцена ќе ја изведе ансамблот на НУ Народен театар-Битола, вечер во овој град почнува 21. издание на Интернационалниот фестивал на монодрама
Десетина реномирани македонски поети и писатели од сите генерации, од утре до 11 мај во Софија ќе бидат дел од 12-тото издание на „Македонска книжевна визита“, чија цел е афирмација на македонската литература во соседна Бугарија
Романот „Последните денови на Ханс“ од младиот македонски писател Михајло Свидерски вечер ќе биде промовиран во Менада. Романот е објавен во едицијата ПРОаЗА на издавачката куќа Или-Или
Во Кинотеката вечер ќе биде отворен 9. Филозофски филмски фестивал (ФФФ) со „Небото над Берлин“ на Вим Вендерс во ревијалната програма, заедно со излагање на тема „Патувањето како потрага по нашиот идентитет“ на Марјан Вујовиќ од Југословенската кинотека во Белград
ЈУ Детски Kултурен Центар „Карпош” со поддршка од Град Скопје е организатор на Меѓународниот фестивал на класична гитара „Тремоло” што од денеска до 12 мај ќе се одржи во Скопје
Група од 50-ина деца од основните и средните училишта од Прилеп, Долнени и Кривогаштани и деца од различни целни групи, заминаа во посета на Словенија
ЕВН, по повод Светскиот ден за безбедност и здравје при работа, официјално го отвори целосно реновираниот тренинг центар за вработени во Македонски Брод, во кој со користење на новите едукативни содржини над 1.000 вработени од целата држава ќе можат да стекнат практични вештини и знаења во областа на електротехниката, со посебен акцент на квалитетот и безбедноста при работа.