СВР Охрид денеска соопшти дека пиротехниката е најдена при претрес во домот на И.Ш.на улицата „Гоце Делчев“, а потоа и во неговата продавница за обувки лоцирана во Градскиот пазар во Охрид.
Осум пати пониско од просекот за декември е нивото на реката Треска кај Македонски Брод, покажуваат денешните хидролошки мерења.
Секторот за внатрешни работи Струмица – Надворешна канцеларија за криминалистички работи Валандово, до Основното јавно обвинителство во Велес, поднесе кривична пријава протов Д.П.(47) од валандовското село Брајковци, осомничен за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.
Еден мигрант потешко повреден додека на железничката станица Трубарево се обидел да се качи на товарен во движење, кој сообраќал до Гевгелија.
Сите паркиралишта со кои стопанисува ЈП ПОЦ на 01.01. (вторник) и на 02.01.2019 година (среда) ќе бидат бесплатни за сите граѓани на Р.М.
Во 1:55 часот по полноќ било пријавени дека на стариот пат кај каналот патничко моторно возило „Пасат“ со бугарски национални ознаки, управувано од Т.З.(50) од Неготино, излетало од патот пред мостот во село Кадино.
Традицијата со неорганизирање дочек на Нова година од страна на Општина Струга, продолжува и годинава. Стружани најлудата ноќ ќе ја поминат во кафулињата, рестораните, но и во своите домови.
Три лица се здобиле со тешки телесни повреди во три од вкупно 21 сообраќајка што се случиле викендов во Скопје. Во девет сообраќајки полесно биле повредени 15 лица и во исто толку била причинета материјална штета.
Сувото и ветровито време ќе се задржи и во вторник, а веќе од среда се очекува ново наоблачување кое ќе донесе локални врнежи од снег кои ќе ги има и во четврток.
Во полициската станица во Гевгелија денеска било пријавено дека на улицата „Јане Сандански“ било опожарено патничко возило „нисан“ со грчки таблички.